Франшизно работење е систем на тргување со добра и/или услуги, и/или технологии која се базира на блиска и постојана соработка, легално и финансиски помеѓу самостојни компании и сопствениците на франшизата и неговите поединечни корисници на франшизата каде што сопственикот гарантира на своите корисници прави и превзема на себе обврска дека ќе работи во согласност со концептот на франжизата.

Правото овозможува и го обврзува поединечниот корисник на франшизата во замена на директна или индиректна финансиска компензација да го користи за определен период:

  • Правото на употреба на името на трговскиот бренд и на патентот.
  • Бесплатно учество во рекламните кампањи.
  • Право на продажба на трговската роба и вршење на услуги.
  • Трговска роба.
  • Деловни и технолошки методи,
  • Know-How (целокупни непатентирани практичнии информации).
  • Франжизен прирачник за докажани методи на работа кои вклучуваат искуство и
    знаење кое е стекнато во изминатиот деветгодишен период.
  • Едукација.
  • Подршка и по отварање на франшизата (помош при начинот и организирање
    на работата, начин на продажба и изработка на понуди, начин на монтажа и сервисирање, скици при опремување на салонот).
  • Константен развој и подобрување на работењето преку континуирани контроли и посети и организирање на семинари.
  • Огромен број на задоволни и лојални клиенти

Како еден од најсигурни начини за отпочнување на нов бизнис решивме да го понудиме начинот на соработка Франжиза на нашите идни соработници. Основна цел на воведувањето на ваков тип на соработка со нашите купувачи е проверениот начин на продажба кој функционира 9 години во нашите салони.

Работењето под франшиза е важна одлука и ние сакаме да проверите дали ги имате сите потребни информации за успешна франшиза на ПРОСПЕРА. Ве молиме пополнете ги податоците во прашалникот – кликнете тука .