ПРОЗОРИ ОД ДРВО

ПРОЗОРИ ОД ДРВО


Комфорот во секој дом започнува од прозорите. На своите клиенти им нудиме иновативно решение за опремување со прозори и врати од тројно залепено масивно дрво со термопан по германска технологија и опрема од WEINIG. Дрвениот материјал е сертифициран од Монхингер Германија. Сигурносниот оков WINK HAUS, овозможува едноосово и двоосово отварање. Профилите за водобраните се на GUTMAN, дихтунзи на Dewenter / систем со два дихтунзи на крилото кој идеално дихтува по целата линија на затварање. Прозрачните лакови на Teknos достапни во голема гама на бои гарантираат висока издржливост при различни надворешни и внатрешни услови. Термопаните се со можност од 32мм, 36мм, 40мм и 50мм. Се користи Kleiberit /водоотпорен лепак/ од групата на товар D4, согласно со стандардот DIN EN 204. Минималната звучна изолација која се постигнува при стандарден термопан Rw=32-47 dB. Комбинацијата од конструкцијата на рамките и троен термопан, дрвените прозори од профил 78мм постигнуваат Uw-вредност од околу 0,8 – 1,4 W/m2K. Како пример, коефициентот на премин на топлина Uw со вредност 0.8 W/m2K е еднаков на 56см зид од тула, исто така 53см зид од тула со малтер од 3см од надвор и 2см од внатре. Коефициентот на премин на топлина на профилот при различни видови на тројно слепени дрвени профили се:

Смрека -Uf=0.99W/m2K;

Даб – Uf=1.4W/m2K;

Меранти – Uf=1.1W/m2K;

Јасен – Uf=1.4W/m2K;