Костурот на крилото е од медијапан со дебелина 32мм со појачување на брави и шарки на кој се поставени медијапански панели 4мм. Панелите се исфарбани со заштитна, основна и завршна полиуретанска фарба во бела боја. Дебелината на крилото е 40мм. За каса од 20цм до 25цм се доплаќа 615 денари,за каса од 26цм до 30цм се доплаќа 1230ден, за каса од 32цм до 35цм (дводелна) се доплаќа 1845ден, за каса од 36цм до 50цм (дводелна) се доплаќа 2460ден.