Под начинот на соработка понуден преку застапник-комисион се подразбира работење преку кое застапникот во име на застапувачот нуди на пазарот трговска стока и услуги, за кои добива точно утврден процент од продажбата. Воедно ги ужива и дел од правата на франшизиерот,како што се :

  • Дел од правото на употреба на името на трговскиот бренд и на патентот.
  • Право на продажба на трговската роба и вршење на услуги.
  • Трговска роба.
  • Едукација за трговската роба и нејзините специфики.
  • Константен развој и подобрување на работењето преку континуирани контроли и посети.
  • Рекламен материјал.

Работењето како дистрибутер е важна одлука и ние сакаме да проверите дали ги имате сите потребни информации за успешна соработка со нас.Ве молиме пополнете ги податоците во прашалникот – кликнете тука .