ЗОШТО ГИ МЕНУВАМЕ ПРОЗОРИТЕ


1. ЗА ПОДОБРА ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА


При енергетска ефикасност и топлинска изолација на зградите, особено внимание се обрнува на прозорите, затоа што низ нив преминуваат 40% од топлинските загуби.Од 2014, постоечките европски норми, бараат коефициент на премин на топлина на прозорот да е под 1,4 W/m2K. Соодветно на тоа Проспера нуди различни продукти кои што достигнуваат од 0,6 W/m2K до 1,4 W/m2K. Најважен елемент за подобра топлинска изолација на прозорот е термопанот кој е 80% од површината на прозорот. за највисока топлинска изолација нудиме прозорци со троен термопан со вграден high selective дистанционер.Подолу е табелата за изолација на различни прозорци:




2. ЗА ПОДОБРА ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА


Напрегнатиот живот и автомобилскиот метеж во градовите се повеќе не тераат да обрнеме внимание на еден сериозен фактор – звукот, од кого зависи секојдневниот комфорт и здравје. Еден од факторите за мирна и бесшумна средина е добрата звучна изолација на фасадата, која што до голем степен зависи од изборот на застаклување. Во Проспера нудиме широка гама од различни комбинации на стакла, од кои стандрадниот термопан од 24 mm постигнува 31dB. Добар избор за спас од неподносливиот звук се прозорите со тројни термопани кои постигнуваат од 34 до 41 dB. За покачување на звучната изолација многу важни се и следните елементи: постоење натри гуми на касата, избор на соодветна комбинација од стакла, добро изолирање со пурпена и опшивањето после монтажа.

3. ЗА ПОДОБРА ЗАШТИТА ОД СОНЦЕТО


Заштитата од сонцето на една просторија може да се постигне со неколку различни продукти – надворешни ролетни, надворешни капаци, внатрешни ролетни и термопани со високоенергетско покритие.

4. ЗА ПОДОБРА СИГУРНОСТ


Статистиката покажува дека најчестите обиди за провала во семејни куќи се преку прозорите. Во Проспера нудиме прозорци со ниво на сигурност WK2, рачка hoppe secustik и ламинирани стакла. Дополнителни елементи за покачување на нивото на сигурност се надворешните ролетни и капаците.

Еден М2 ПВЦ во Проспера чини околу 6.000 денари, за просечен стан околу 10м2 цената би била околу 60.000 денари. Со намалување на годишен трошок за загревање за 9.855 денари и со темпото на поскапување на цената на електричната енергија инвестицијата за ПВЦ прозорците се враќа за помалку од 5 години.