Гаранција за сигурносни врати
Почитувани купувачи,
Ви благодариме на изборот за купување на врата од нашата фирма. ПРОСПЕРА ви дава гаранција за вратите купени од нашиот продажен салон, или од овластените дилери низ Републиката. Времетраењето на гаранцијата за моделите од програмата Метални е 3 години и 5 години на моделите од програмата Блиндор и Паметни врати.
Во гаранцијата е вклучена целата врата освен прагчето.
Гаранцијата е важечка само ако монтажата е извршена од лица овластени од увозникот.
Гаранцијата е важечка, ако во време на гарантниот рок производот покаже неисправност или технички недостаток. Кога производот не функционира во гарантниот рок, на барање на сопственикот на гарантниот лист, нашиот сервис ќе ги отстрани на наша сметка, сите грешки и недостатоци кај монтажата или кај самиот производ. Притоа се мисли на трошоците за резервни делови, работна рака и транспортни трошоци. Производот ќе се сервисира најдоцна за 10 работни дена (во случај сервисерите да имаат обезбеден пристап за работа), Доколку поправката не се заврши во одредениот рок, на ваше барање производот ќе ви биде заменет со нов. Увозникот обезбедува резервни делови и сервисни услуги и по истекот на гарантниот рок, но во тој случај трошоците се на сметка на купувачот.
Гаранцијата престанува да важи
* кога оштетувањето е предизвикано од механички удар по вина на корисникот
* кога производот е оштетен поради нестручно однесување од страна на корисникот
* кога производот е сервисиран или поправан од неовластени лица или сервиси
НАПОМЕНА
Ве молиме пред преземањето проверете го производот од механички и транспортни оштетување. Рекламации од транспортни оштетувања по преземањето нема да бидат прифатени.
СОВЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ
Вратите се пребришуваат со влажна крпа или по потреба со сапун и вода.
Гаранција за собни врати
Почитувани купувачи,
Ви благодариме на изборот за купување на производ од нашата фирма.
ПРОСПЕРА ви дава гаранција за собните врати купени од нашите продажни
салони или од овластените дилери низ Републиката. Времетраење на гаранцијата е 2 години.
Гаранцијата се однесува на искривување на крилото на собните врати и первазите,
во случај кога собната врата не дихтува соодветно, доколку дојде до лупење на
фолијата на вратите, менување на бојата на вратите, неисправност на бравите
и шарките.
Во гаранцијата не се вклучени рачките.
Гаранцијата е важечка, ако во време на гарантниот рок производот покаже
неисправност или технички недостаток. Кога производот не функционира во
гарантниот рок, на барање на сопственикот на гарантниот лист, нашиот сервис ќе
ги отстрани на наша сметка, сите грешки и недостатоци кај монтажата или кај
самиот производ. Притоа се мисли на трошоците за резервни делови, работна
рака и транспортни трошоци. Производот ќе се сервисира најдоцна за 10 работни
дена (во случај сервисерите да имаат обезбеден пристап за работа). Доколку
поправката не може да се заврши во одредениот рок, на ваше барање производот
ќе ви биде заменет со нов.
Гаранцијата престанува да важи:
-кога оштетувањето е предизвикано од механички удар по вина на корисникот
-кога функционалноста е попречена од структурални движења
-кога производот е оштетен поради нестручно однесување од страна на корисникот
-кога производот е сервисиран или поправан од неовластени лица или сервиси
НАПОМЕНА
Ве молиме пред превземањето проверете го производот од механички
оштетувања. Рекламации од механички оштетувања по превземањето нема да
бидат прифатени.
СОВЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ:
Собните врати се чистат со влажна крпа. Шарките по потреба се подмачкуваат
со масло.
Гаранција за ПВЦ прозори
Почитувани купувачи,
Ви благодариме на изборот за купување на производ од нашата фирма.
ПРОСПЕРА ви дава гаранција за ПВЦ столаријата од нашите продажни салони,
или од овластените дилери низ Републиката. Времетраење на гаранцијата:
10 ГОДИНИ ЗА ПРОФИЛОТ
Гаранцијата се однесува на менување на боја и изобличување на профилот кое
попречува правилна функционалност на производот.
5 ГОДИНИ ЗА ОКОВОТ
Гаранцијата се однесува на функционалноста на механизмите, отворање,
затворање и кипање.
5 ГОДИНИ ЗА СТАКЛОПАКЕТОТ
Гаранцијата се однесува за дихтување на стаклопакетот и појава на кондензација
внатре помеѓу стаклата. Кондензација од надворешни стакла на прозорот не е
дефект на производот и може да се случи под дејство на надворешни влијанија.
Гаранцијата е важечка, ако во време на гарантниот рок производот покаже
неисправност или технички недостаток. Кога производот не функционира во
гарантниот рок, на барање на сопственикот на гарантниот лист, нашиот сервис ќе
ги отстрани на наша сметка, сите грешки и недостатоци кај монтажата или кај
самиот производ. Притоа се мисли на трошоците за резервни делови, работна
рака и транспортни трошоци. Производот ќе се сервисира најдоцна за 15 работни
дена (во случај сервисерите да имаат обезбеден пристап за работа).ÂÂ Доколку
поправката не може да се заврши во одредениот рок, на ваше барање производот
ќе ви биде заменет со нов.
Гаранцијата престанува да важи:
-кога производот има механички оштетувања
-кога функционалноста е попречена од структурални движења
-кога производот е оштетен поради нестручно однесување од страна на корисникот
-кога производот е сервисиран или поправан од неовластени лица или сервиси
Одлепете ја заштитната фолија од профилите веднаш после опшивката.Фолијата мора да се одлепи максимум 60 дена од монтажа.
НАПОМЕНА
Ве молиме пред превземањето проверете го производот од механички
оштетувања. Рекламации од механички оштетувања по превземањето нема да
бидат прифатени.
СОВЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ:
ПВЦ прозорците се чистат со неабразивен детергент или со сапун и вода. Шарките
по потреба се подмачкуваат со маслo
Гаранција за гаражни врати
Почитувани купувачи,
Ви благодариме на изборот за купување на врата од нашата фирма. ПРОСПЕРА ви дава гаранција за гаражните врати купени од нашите продажни салони, или од овластените дилери низ Републиката.
Времетраење на гаранцијата
- 2 години на мотор
- 2 години на материјал
Во гаранцијата не влегуваат пластичите држачи за ламелите кои се кршат доколку гаражната врата при спуштање наиде на препрека. Со кршењето на пластичните држачи се заштитува моторот од поголеми оштетувања.
Гаранцијата е важечка само ако монтажата е извршена од лица овластени од Проспера.
Гаранцијата е важечка, ако во време на гарантниот рок производот покаже неисправност или технички недостаток. Кога производот не функционира во гарантниот рок, на барање на сопственикот на гарантниот лист, нашиот сервис ќе ги отстрани на наша сметка, сите грешки и недостатоци кај монтажата или кај самиот производ. Притоа се мисли на трошоците за резервни делови, работна рака и транспортни трошоци. Производот ќе се сервисира најдоцна за 10 работни дена (во случај сервисерите да имаат обезбеден пристап за работа). Доколку поправката не се заврши во одредениот рок, на ваше барање производот ќе ви биде заменет со нов. Проспера обезбедува резервни делови и сервисни услуги и по истекот на гарантниот рок, но во тој случај трошоците се на сметка на купувачот.
Гаранцијата престанува да важи:
- кога оштетувањето е предизвикано од механички удар
- кога производот е оштетен поради нестручна употреба од страна на корисникот
- кога производот е сервисиран или поправан од неовластени лица или сервиси
Поправки и сервиси на вратите се вршат од страна на Проспера или од страна на овластените дистрибутери (односно од страна на монтерите што ја имаат монтирано вратата).