ОКОВ

ACTIVPILOT COMFORT PADK


Комбиниран оков со изнесување на крилото пред касата. На основа на системот activPilot, Winkhaus разработи комплетно нова концепија на оков activPilot PADK, кој овозможува изнесување на крилото на 6мм пред касата, по целата должина на прозорот. На тој начин се обезбедува непрекинато и природно проветрување на просториите. Заедно со вентилацијата, Winkhaus не ја нарушува сигурноста на прозорот туку и дава можност и при отворено крило да се достигне највисоката класа на сигурност RC2/WK2. Тоа ни овозможува истовремено проветрување и заштита на домот. Системот activPilot PADK ги соединува докажаната концепција на комбинираниот оков со иновативно функционалната технологија на отварање со изнесување на крилото пред касата. На тој начин крилото може да се отвара не само по хоризонтална и вертикална осовина туку и му се дава можност да се изнесе 6мм пред касата кое ги прави вашите прозори подобри преку можноста за природна вентилација и гарантирана сигурност на просторијата до степен на сигурност (RC2/WK 2).

ActivPilot е последна генерација на оков на Winkhaus кој ги соединува најсовремениот дизајн и високата функционалност, гарантирани од искуството и името на фирма со повеќе од 160 години искуство во изработката и имплементирањето на нови системи на оков на Европскиот пазар. ActivPilot е единствениот oков за двоосовоотварање на пазарот кој се добива стандардно со повисок степен на заштита по цена на стандардната конфигурација. Тоа е условено од фактот дека сите елементи на крилото на прозорот се со сигурносни точки на заклучување во форма на печурка и постигнување на повисок степен на сигурност (RC1/WK1, RC2/WK2) се постигнува само со промена на прифатниците од обични со сигурносни, кое што е голема предност не само во однос на цената туку и при се почестите случаи на барање на клиентите при веќе монтирани прозори да се зголеми степенот на заштита. При activPilot стандардно има елементи со дополнителна функционалност и заштита, како што е двофункционалниот елемент (осигурувач + подигнувач кај сите прозори) и трифункционалниот елемент (осигурувач + подигнувач + шнапер при сите балконски врати), кои што при повеќето други окови се предлагаат како дополнителен аксесоар само по барање на клиентот и прозори изложени на силен ветар.

ИНОВАТИВНО – 6 мм растојание паралелно меѓу крилото и касата на прозорот.

КОМФОРНО – природна и сигурна вентилација на просториите.

СИГУРНО – дури и при ова отварање на крилото, системот е сигурен и е сертифициран против обивање на истиот начина како и при наполно затворен прозор.