ТЕРМОПАНИ

Термопанот е конструкција од две или повеќе стакла, меѓу кои има воздушен простор, создаден од различни по големина дистанционери и затворен херметички. За да е со добри технички показатели еден термопан треба да има две нивоа на изолација.

Термопанот со две стакла се состои од дистанционерна рамка, наполнет со апсорбент (молекуларно сито), врз која двострано се става бутил кој служи како бариера против премин на водена пареа (прв степен на изолација). Втората бариера е надворешното затворање на просторот меѓу стаклата и дистанционерот со полисулфид.

Дистанционерот, служи за поделба на одредено растојание на стаклата, а затворената влага внатре заедно со воздухот при производството на термопанот се апсорбира од апсорбентот со кој е наполнет. При правилно изработениот термопан не може да навлезе вода од надвор и не може да дојде до кондензација меѓу стаклата. Термопанот е околу 80% од целиот прозорец и најмногу влијае на изолациските карактеристики на прозорецот топлинска изолација U(W/m 2K), звучна изолација R(dB), заштита од сонце или соларни фактор g(%), пропустливост на светлина (%).

Сите термопани во нашата понуда задолжително содржат нискоемисионо стакло или на барање на клиентот високоенергетско стакло (4 сезони стакло) кое освен задржувањето на топлината во просторијата за време на грејната сезона има улога и да заштитува од сончевата топлина за време на летните месеци.

Трет елемент кој има влијание на топлинската проводливост на прозорот освен профилот и стаклото кое е најважен фактор е и дистанционерот помеѓу стаклата во термопанот. Стандардно помеѓу стаклата во термопанот се вградува алуминиумски дистанционер кој е слаб изолатор на топлина, додека дополнително нудиме high selective PVC дистанционер кој има многу подобри изолациски својства. Прозорците со вграден high selective PVC дистанционер имаат за 10% подобри изолациски својства во споредба со прозорци со стандарден алуминиумски дистанционер. Топлиот дистанционер исто така игра голема улога во намалувањето на кондензација на стаклата, посебно на краевите на стаклата.

Карактеристики на термопанот:

1.Коефициент на премин на топлина(Ug)–покажува количество топлина што поминува за единица време преку 1кв.м застаклена површина, при температурна разлика од 1К помеѓу преградениот со стаклото воздух во просторијата и тој од надворешната страна (Ug= W/m 2/K). Тоа е најважната техничка карактеристика за еден термопан. Колку помала е оваа вредност, толку помали се загубите на топлина ипомали трошоците за греење.

2.Звучна изолација(Rw)–Индексот Rw ја мери звучната изолација на термопанот. Колку е поголема вредноста на овој индекс, толку подобра е звучната изолација.

3.UV(%)–премин на штетни ултравиолетови зраци, кои водат до избледување на боите и предизвикуваат рак на кожата.

4.Соларен фактор(%)–сума од директно помината енергија и оној дел од апсорбираната енергија од стаклото, која се емитува од застаклената површина кон внатрешниот простор. Колку е поголемо директно одбивање на сончевата енергија од стаклото, толку помал е соларниот фактор и помали трошоците за разладување во текот на летните месеци.

5.Пропустливост на светлина(%)–преминување на видлива светлина (природно осветлување). Колку е помала вредноста во %, толку е позатемнета просторијата.

6.Одраз(%)–количество на одбиена светлина од термопанот. Колку е поголем (%) на одраз на стаклото толку е поголем неговиот огледален ефект.