ВНАТРЕШНИ РОЛЕТНИ

ВЕНЕЦИЈАНКИ
Се изработуваат од алуминиум со ширина на ламела 25 mm и 16 mm во различни бои, опремени се со квалитетни механизми и се чистат лесно. Го регулираат пристапот на светлина со вртење на ламелите. Се ставаат на секое крило одделно и не е потребно собирање на венецијанките за отворање на соодветните крила. Страничното водење не дозволува нишање и искривување на ламелите.

ВАРИОЛАЈТ
Вариолајт завесите се изработуваат од висококвалитетни платна со голем избор на бои, увезени од водечките земји во производството на текстил – Италија, Шпанија и Турција. Специфично за нив е што целосно ги заменуваат пердињата, придаваат комплетност на ентериерот на домот и канцеларијата и имаат различни степени на пропуштање, абсорпција и рефлектирање на сончевата енергија во зависност од потребите на клиентот.