ПВЦ СТОЛАРИЈА

ЗА ПОДОБРА СИГУРНОСТ, ТОПЛИНСКА И ЗВУЧНА ИЗОЛАЦИЈА

Статистиката покажува дека најчестите обиди за провала во семејни куќи се преку прозорите. Во Проспера нудиме прозорци со ниво на сигурност WK2, рачка hoppe secustik и ламинирани стакла. Дополнителни елементи за покачување на нивото на сигурност се надворешните ролетни и капаците.

01

ПРОЗОРИ И ВРАТИ

ИНОВАТИВЕН СИСТЕМ ЗА ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА КОЈ ГИ ИСПОЛНУВА БАРАЊАТА НА ИДНИНАТА

Комфорот во секој дом започнува од прозорите. На своите клиенти им нудиме иновативно решение за опремување со прозори и врати од тројно залепено масивно дрво со термопан по Германска технологија и опрема од WEINIG.

Енергетско ефикасните прозорци се инвестиција која се враќа за помалку од 5 години

ТЕРМОПАНИ

Термопанот е конструкција од две или повеќе стакла, меѓу кои има воздушен простор, создаден од различни по големина дистанционери и затворен херметички. За да е со добри технички показатели еден термопан треба да има две нивоа на изолација.

Термопанот со две стакла се состои од дистанционерна рамка, наполнет со апсорбент (молекуларно сито), врз која двострано се става бутил кој служи како бариера против премин на водена пареа (прв степен на изолација). Втората бариера е надворешното затворање на просторот меѓу стаклата и дистанционерот со полисулфид.

02