ЗА КОМПАНИЈАТА
20 ГОДИНИ УСПЕШНО РАБОТЕЊЕ
Проспера е основана во 2004 година од кога почнува да се занимава со продажба на сигурносни врати. Продажбата иницирана на подрачјето на Скопје и Куманово ја проширивме низ целата држава.
До денеска Проспера е израсната во компанија специјализирана во продажба, монтажа и сервис на сигурносни врати, собни врати и ПВЦ прозорци. Со своите 15 екипи за монтажа, 4 гипсерски екипи и 12 возила за монтажа кои оперираат на територијата Скопје, Куманово, Штип и Струмица сме компанија со најголем капацитет на монтажа од ваков тип.
Големиот капацитет и добрата организираност се одразуваат не само на брзата монтажа туку и на молскавично брзиот сервис за нашите клиенти, дури и во текот на периодите со најголем обем на работа.
Од самото формирање до ден денес напорно работиме на константно подобрување на квалитетот на вратите што ги нудиме, но уште повеќе на подобрување на услугата која не зближува со купувачот и не издвојува од конкуренцијата.
Страста за создавањето , желбата, довербата, барањето и потребите на нашите клиенти преставува централна ориентација на нашиот бизнис.
Најновите технолошки решенија, дизајн насочен кон променливите потреби на клиентот, кобинацијата на економичност и ергономија сето ова се отсликува во постоењето и работењето на Проспера.
екипи за монтажа
гипсерски екипи
возила за монтажа
МОНТАЖА И СЕРВИС